На домашен терен тимот на Вецлар го совлада тимот на Минден со 31:27 (полувреме 18:12) и со оваа победа побегна далеку од зоната на испаѓање.
Најзаслужен и најдобар поединец на тимот на Вецлар беше нашиот ракометар Филип Миркулоски. Миркулоски на вчерашниот меч постигна дури 6 погодоци и подели неколку прекрасни асистенции, па со право е јунакот на домаќините во многу значајната победа.



