Швајцарскиот ветеран Роџер Федерер не се откажува пред налетот на годините, затоа што се уште има свежина и леснотија во играта, а тоа го потврди на Мастерсот во Мајами, каде што ја освои својата 28. Мастерс титула во јубилејниот 50-ти финален натпревар на ваков тип на турнири.
Роџер Федерер го порази Џон Иснер рутински со резултат од 2:0 по сетови 6:1 и 6: 4. Ова е 28-та титула во кариерата на Мастерс турнирите, а има освоено вкупно 101-от турнир во богатата кариера на швајцарецот.



