Глазгов Ренџерс дојде до убедлива победа од 4:0 против последнопласираниот Сент Мирен во шкотската прва лига, а трага од овој меч остави главниот судија кој досуди дури четири пенали за Глазгов Ренџерс од кои што три реализираа.
Веќе 3-та минута се случи првиот удар од најстрога казна кој го реализира за 1:0 Џејмс Таверниер, додека во 26. минута истиот фудбалер не успеа да го реализира ударот од белата точка и на полувреме домашните фудбалери заминаа со позитива од само еден гол.
Во второто полувреме гостинските фудбалери беа во шок затоа што арбитарот продолжи да ги казнува со удари од единаесетте метри, а тоа се случуваше во 55. и 80. минута кога најпрвин успешен пеналџија беше Таверниер, а во наредната можност исто ја искористи Дефо. Крајниот резултат на 4:0 го постави Кент во 81. минута, но овој пат конечно од игра.



