Светскиот познат УФЦ борец од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов кафезот ќе го замени со средновековно казакстанско село се со цел да учествува на реално Тв шоу пренесуваат медиумите во Казакстан.
Нурмагомедов ќе биде еден од водителите, а снимањето на шоуто било планирано за наредниот месец и емитувањето ќе биде пренесувано дури во февруари 2020 година. Карактеристично за ова шоу е тоа што учесниците (натпреварувачите) ќе учествуват во сурови и тешки услови на оддалеченост од 340 километри од Астана, главниот град на Казакстан.
Фокусот на натпреварувањето ќе биде преживување и промоција на културата во таа земја. Кога се во прашање учесниците тоа ќе бидат познати спортисти меѓу нив и олимписки шампиони.



