Лина Ѓорческа и Анастасија Комардина ќе играат во големото финале во двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Есен, Германија. Во полуфиналето Лина Ѓорческа (Македонија) и Анастасија Комардина (Русија) славеа против вторите носителки, Хајвс и Аива од Австралија, во два сета со 6-4 и 6-2. Во натпреварот за титулата тие ќе играат против Алена Фомина (Русија) и Анастасија Зарицка (Чешка) кои се први носителки.



