Нови проблеми се појавуваат во таборот на Баерн Минхен каде што бразилецот Рафиња јавно го искажал незадоволството поради малата минутажа. На новинарско прашање што се случува со фудбалерот, тренерот на Баерн Минхен Нико Ковач изјавил дека никој не треба да биде над клубот и дека фудбалерот не треба критички да е настроен спрема тренерот туку да ја почитува неговата одлука.
Освен тоа Нико Ковач кажал дека проблемот е решен и дека Рафиња се извинил за постапката. Инаку бразилскиот десен бек нема настап за баварците од 2. февруари кога пследно играше против Баер Левркузен.



