Легендарниот германец Дирк Новицки во тимот на Далас Маверикс во секоја НБА арена е поздравен срдечно од фановите и ја добива почитта од противничките тренери и кошаркари. Секаде каде што ќе се појави на терен оваа сезона го поздравувааат и му се заблагодаруваат за се што придонесе за кошарката, но Дирк Новицки на најавите дека ќе се пензионира, кажува дека се додека го служи здравјето сака да игра кошарка и не ја ислучува можноста и да ја започне и својата 22-ра сезона во најдобрата кошаркарска лига.



