Офанзивецот на Англија и член на Манчестер Јунајтед игра во очајна форма и го достигна своето дно во еден статистички податок. Наиме, Лингард во последните шест години има вкупно десет асистенции, а од друга страна екс фудбалерот на Сандерленд, Манчестер Сити и репрезентативец на Англија, Адам Џонсон во истиот временски период има остварено 11 асистенции. Единствена разлика помеѓу нив двајца е тоа што последните три години Џонсон е во затвор.



