„Tour de Kalimanci lake“ ги собра велосипедистите од регионот на планинска тура околу Калиманско Езеро. Собирно место на „Tour The Kalimanci lake“ беше на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, а официјалниот дел од турата започна од браната на Калиманско Езеро, па се до завршувањето на локалниот пат во село Илиово.
Вкупната должина на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, додека официјалниот дел од „Tour The Kalimanci lake“ е 22 километри. Патеката беше обезбедена со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.
Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калиманско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.
Извор и фото: Каменица Убав Град



