После седум години постоење и работа на фудбалскиот клуб Реканци и пет години настап во Регионалната Западна лига, каде од неколку села од мавровско и реканскиот крај од 4 до 15 годишна возраст тренираа талентирани дечиња доживува неочекуван крај и згаснување поради недостаток на финансиски средства за да може клубот нормално да функционира.
Потрагата на спонзори од страна на тренерите и пријателите на клубот доживеа колапс и се во неможност да ја остварат својата цел. Освен помали спонзори и дел од средствата што ги донираше општината беа премалку за да може да функционира во нормални услови еден фудбалски клуб.
Во изминатиов период продефилираа голем број на талентирани фудбалерчиња, а од сега понатаму нивната фудбалска бајка ја чека тажна завршница. Спортот секој нов ден во нашaта земја ни носи само ,,Црни спортски хроники”.



