Во рамките на 20. коло од ПМФЛ во Струмица, градското дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев на стадионот ,,Младост” заврши со триумф на пандевци со голот на Љупче Дориев со гол постигнат во 19 минута.
Во Скопје Македонија Ѓорче Петров ја сопре ,,забревтаната” Шкендија и одигра реми со 1:1. Први во водство беа тетовските ,,Црвено-црни” со голот на Имери уште во 5.минута, додека бод за домаќините донесе бразилецот Да Силва во 58 минута.



