Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето во Тетово против екипата на Ренова каде што загуби со 4:0 и овој кикс на табелата го искористија Шкендија која сега е со предност од + 9 бода, а сега на второто место Академија Пандев се позиционира пред Вардар.
Ренова погодоците ги постигна преку Рамадани и Мбела во првото полувреме, додека во второто полувреме го ,,докусурија” скопскиот ,,Црвено-црн” тим фудбалерите Рамадани и Стојановски. Во Скопје Работнички предводени од клупата од тренерот Жикица Тасевски киксираа на домашен терен против Силекс одигрувајќи само 1:1.
За кратовчани голот го постигна Георгиев во првиот дел, додека израмнувањето стигна преку Дејан Блажевски. ,,Романтичарите” останаа и со играч помалку по вториот жолт картон на бугарскиот интернационалец Дилгеров и со тоа тимот мораше да се задоволи со поделба на бодовите.
Шкупи оствари нови три бода против Победа со резултат од 3:0. Погодоците за тимот од Чаир ги постигнаа: Бајрами во првото полувреме, додека во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Виктор Ангелов и бразилецот Серџио.
Останатите резултати од 20. коло во ПМФЛ:
Беласица 0:1 Академија Пандев ;
Македонија Ѓорче Петров 1:1 Шкендија ;
Ренова 4:0 Вардар ;
Шкупи 3:0 Победа и
Работнички 1:1 Силекс.



