Kралската плажа во Црна Гора е една од најубавите и најлуксузните плажи. Името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ и изгледа како место достојно за кралско семејство. Долга е 120 метра и се наоѓа во непосредна близина на Св.Стефан, сместена помеѓу шумата од една страна и преубавото Јадранско море од другата страна. За жал, оваа плажа е достапна само за оние кои отседнуваат во луксузните хотели во близина и нејзината посета може да ве чини многу скапо. На песочната плажа со должина од околу 120 метри нема место за многу капачи, но на оние кои капењето им е овозможено уживањето им е загарантирано.



