Новак Ѓоковиќ го одигра еден од најдобрите тениски мечеви во својата долга и богата тениска кариера, а финалето на Австралија Опен против Рафаел Надал го доби со убедливи 3:0. Со овој триумф Ѓоковиќ стигна до рекордна седма титула од Австралија Опен, а вкупно 15-та во кариерата од Гренд Слем турнирите и со тоа го престигна американскиот тенисер Пит Сампрас.
Посебно занимлива сцена се случи на прес конференцијата за медиумите после финалето, каде што еден италијански новинар со интересен акцент постави прашање до српскиот тенисер, а на тоа расположениот Ѓоковиќ не можеше да се воздржи па на шега со сличен акцент кратко му одговори и со тоа предизвика смеа од сите присутни во салата. Во прилог и видео од ситуацијата од прес конференцијата:



