Во рамките на 1/8 финалето на англискиот ФА куп, Манчестер Јунајтед гостуваше на ,,Стемфорд Бриџ” и рутински го совлада составот на Челзи со 0:2 и уште повеќе го втурна тимот кој го предводи од клупата Маурицио Сари во длабока резултатска и играчка криза.
,,Црвените ѓаволи” уште еднаш покажаа дека со новиот менаџер Оле Гунар Солскјер се една поинаква екипа која може да победи било кој противник. Херои и заслужни за новата победа беа Андер Ерера и Пол Погба, кои што со своите погодоци во 31 и 44 минута помогнаа тимот да стигне до пласман во 1/4 финале во ФА купот.
ФА куп 1/8 финале: Челзи 0 -1 Манчестер Јунајтед стрелец Ерера
ФА куп 1/8 финале: Челзи 0 – 2 Манчестер Јунајтед стрелец Погба



