Според најавите на британските медиуми, боксерот Тајсон Фјури потпишал договор со американската телевизија ESPN со вредност од 103 милиони американски долари за пет борби. Според договорот Фјури ќе биде должен да боксува барем по две борби на американско тло на годишно ниво.
Додека правата за борбите кои ќе ги има во Британија ќе ги пренесува BT Sport. Боксерот е задоволен од соработката која му гарантира реванш меч против актуелниот првак во WBC категоријата, Дионти Вајлдер.



