понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

(Фото) Ливерпул на мегдан против Баерн Минхен, Барселона му гостува на Лион

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 19, 2019
📁 Фудбал

Вечерва на ,,Енфилд Роуд” ќе се соочат Ливерпул против Баерн Минхен,  две екипи кои во последно време имаат се повеќе проблеми со повредени фудбалери и тренерите до последен момент ќе имаат енигма на кои играчи ќе можат да сметаат за настап.

Црвените од Енфилд имаат поискусен менаџер кој го знае во детали германскиот фудбал како и случувањата во најдобриот бундеслигашки тим, додека Ковач постојано го следат проблеми и е под притисок од јавноста дека не е адекватно решение за клупата на баварците, а ова му е шанса да ги замолчи сите критичари и му е потребна добитна комбинација во претстојниот двомеч.

Баерн Минхен е тим кој во последните неколку сезони е во самиот европски врв, но му фалат ситни детали да се искачи на тронот. Предноста за Ливерпул е во нивниот менаџер, фантастичната публика зад себе, пресингот и троецот во нападот и ако сакаат пласман во наредна фаза ќе им биде потребно на првиот меч да изборат што подобар резултат пред реваншот во Минхен.

Баерн Минхен е во нагорна форма што се однесува до резултатите во домашниот шампионат и се на три бода од Борусија Дортмунд, а во фазата по групи во најелитното натпреварување имаа рутински пат до 1/8 финалната фаза. Ако на првиот меч во Англија изборат поволен резултат на реваншот ќе имаат големи шанси на свој терен да го заверат пласманот во 1/4 финалето.

Во вториот вечерашен натпревар Олимпик Лион на свој терен ќе ја нагости Барселона. ,,Лавовите” од Лион веќе во групната фааа со триумфот над Манчестер Сити покажаа дека се екипа која може на секој тим да се спротистави и дека не признава фаворити.

Лион на домашен терен заедно со подршката од трибините ќе имаат за цел барем минимален триумф над каталонскиот тим и во реваншот да имаат надеж дека имаат рамноправни шанси за пласман во наредна фаза.

Барселона ја темпира формата токму за овој дел од сезоната кога има згуснат распоред на натпревари и се бори на неколку фронта и затоа се тим кој е фаворит за највисок пласман. Каталонците освен што имаат фантастично напаѓачко трио има и голман кој е во врвна форма и кој ги воодушевува присутните гледачи на секој меч со своите бравурозни одбрани.

На крај ако средниот ред си ја заврши својот дел од работата на терен, тогаш Барселона со крупни чекори уште на првиот меч ќе ги разреши сите дилеми кој ќе биде подобриот во овој двомеч. Освен тоа се очекува атрактивна игра која ќе ги задоволи сите навивачки вкусови.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

(Видео/Фото) Манчестер Јунајтед славеше на ,,Стемфорд Бриџ, Челзи во длабока криза

Следна вест

РФМ распиша конкурс за наследник на Раул Гонзалес

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

РФМ распиша конкурс за наследник на Раул Гонзалес

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.