Иван Тричковски игра во животна форма на Кипар и на последниот првенствен натпревар го совладаа тимот на Аел Лимасол со резултат од 3:1 каде што репрезентативниот голгетер постигна нови два гола и тоа од пенал.
Првиот успешно го реализира во 15 минута за 1:0, додека вториот пенал во погодок го претвори во 54 минута за водство од 2:1 за Аек Ларнака.
Иван Тричковски настапи до 67 минута кога беше повлечен на клупа, а до крајот на мечот домашниот тим стигна до победа од 3:1 за нови три бода.
Тричковски сега е прв стрелец со 17 гола во исто толку настапи во првенството на Кипар, што значи постигнува во просек по гол на секој натпревар.