Словенскиот интернационалец, Јосип Иличиќ кој настапува за Аталанта, синоќа на гостувањето против Торино имаше спектакуларна вечер постигнувајќи хет-трик, а неговиот тим триумфира со убедливи 0:7.
Најспектакуларен момент се случи во 53. минута кога со прецизен шут од центарот на игралиштето постигна гол кој ретко се гледа на фудбалските терени.