Аталанта во рамките на 21 коло од Серија А на гостувањето против Торино дојдоа до убедлива победа од 0:7 каде што хет-трик постигна Јосип Иличиќ, додека Муриел беше двоен стрелец, а Госенс и Запата постигнаа по еден гол.
Гостинските фудбалери имаа атомски напад и во ниту еден момент не помислуваа да се задоволат со минимална победа туку постојано притискаа за нов погодок и таквиот пристап им овозможи да постигнат дури седум гола.



