Во „Мелбурн Арена” се одигра најдолгиот денешен натпревар во кој силите ги одмерија Ник Кирјос и Карен Хачанов. Најпрво, Кирјос имаше предност од 4-2 во првиот сет, но побара медицински тајм-аут. Откако се врати од тајм-аутот, го освои сетот со 6-2. Неговиот напад односно лошата игра на Хачанов траеја и во вториот сет кој повторно го доби Кирјос преку тај-брејк. Хачанов успеа да ја консолидира својата игра во наредните два сетови, па успеа да ги освои истите после тај-брејкови. Последниот сет беше решен и после четвртиот тај-брејк на натпреварот. Хачанов беше блиску до победа откако имаше предност од 8-7, а имаше и два свои сервиси. Сепак, Кирјос успеа да сврзи три поени во низа и да го победи овој дуел. Овој натпревар беше најдолгиот натпревар во кариерата на Кирјос кој по трет пат успеа да се пласира во осмина-финалето на Аустралиан Опен. Токму во овој натпревар, Австралијанецот ќе треба да покаже одлична игра бидејќи игра со светскиот број еден – Рафаел Надал.