Синоќа, дербито на вечерта во НБА лигата го одиграа Мајами Хит и ЛА Клиперс. До победата стигна тимот од Лос Анџелес кој славеше со 117-122. Со оваа победа, Клиперс ја прекинаа серијата на Мајами од две победи во низа. Најефикасен играч на натпреварот беше асот на ЛА Клиперс – Каваи Ленард. Американецот, верувале или не, стигна до својот прв трипл-дабл учинок во кариерата постигнувајќи 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Од таборот на домаќините, најефикасен беше Џими Батлер со 20 поени, 8 скокови и 7 асистенции.



