Манчестер Јунајтед оствари лесен триумф над последнопласираниот Норич во рамките на Премиер лигата со резултат од 4:0 каде двоен стрелец беше Маркус Рашфорд, а по еден гол постигнаа Марсијал и резервистот Гринвуд.
Моментот кој го одбележа овој натпревар е невероватното промашување на празен гол од самата гол линија на тинејџерот и лев бек на ,,Црвените ѓаволи” Брендон Вилијамс кој се посрамоти пред своите домашни фанови.



