По Ортез има победничка серија, а најголеми заслуги одат на адреса на репрезентативниот бек, Војдан Стојановски кој игра во голема форма и е прво име во тимот.
Во последниот првенствен натпревар од француското првенство е забележан триумф на По Ортез со висока разлика и резултат од 82:60 над тимот на Орлеанс каде што Стојановски постигна 20 поени и забележа 4 скока.



