Борбата за Скудетото продолжува помеѓу трите тима во Серија А каде што еден од фаворитите тимот на Интер на својот стадион ,,Џузепе Меаца” оствари само нерешен резултат од 1:1 против Аталанта.
Домаќините можат да бидат среќни и со бод затоа што Самир Хандановиќ во финишот на натпреварот му одбрани пенал на противничкиот напаѓач Муриел.



