Екипата на Флорида Пантерс синоќа го совлада актуелниот вицешампион Бостон Бруинс среде Бостон и тоа со најголемиот пресврт во историјата на франшизата. Бостон поведе со 4-0 откако во втората третина погодија Пастрнак, Нордстром, Бјорк и Кара. Со негатива од четири гола, Флорида влезе во третата третина. Сепак, успеа да ја анулира предноста со головите на Екблад, Ватрано, Хофман и Јендл за да стигне до победата после серијата на пенали.



