ФК Норшеланд е фудбалски тим од Данска кој е ситуиран во малото гратче Фарум. Норшеланд е еден од водечките примери за како би требало да изгледа еден клуб. Откако нов сопственик е Том Вернон (од крајот на 2015), клубот се залага за промовирање на своите играчи кои се дел од академијата. Вернон е сопственик на фондацијата „Right to dream” која има за цел да го промовира фудбалот во Гана. Преку оваа фондација, тој изградил фудбалска академија во Гана што им омозвожува на мештаните да ги научат правилно своите први фудбалски чекори и им ја зголемува шансата да заиграат на професионално ниво. Академијата во Гана е тесно поврзана со академијата на Норшеланд. Тренерот на академијата на Норшеланд, Јан Ларсен, направил револуција во начинот на тренирање и менаџирање на академијата. Нивната академија се снабдува со финансиски средства исклучиво со продажбата на своите фудбалери. Фудбалерите кои остануваат во овој клуб, често добиваат шанса да заиграат и во првиот тим. Целта на новото раководство на Норшеланд е да создаде првотимци од својата академија, а дел од нив да потекнуваат од Африка токму заради тамошната фондација и академија. Моментално Норшеланд има неколку стандардни првотимци кои потекнуваат од Африка, а некои од нив се Абдул Мумин, Клинтон Антви, Мохамед Кудус и Годсвеј Донјох. Просечната возраст на првиот тим на Норшеланд е само 21 година. Овие млади и надежни играчи, после првите десет одиграни кола во данската Суперлига имаа исто поени како далеку пореномираниот Брондби, а сега се наоѓаат на средината на табелата. Норшеланд е тим кој со своите постапки јасно дава до знаење дека е против модерниот фудбал, а нивниот начин на работа, од 2016, е постојано под надзор на разни клубови од Премиер Лига и Бундеслига.



