Хрватските голмани Доминик Ливаковиќ (Динамо Загреб) и Јосип Чондриќ (Истра) направија фантастичен гест и му купија нов автомобил на 73-годишниот Жељко Незиќ , тренерот кој работел со нив на почетокот од кариерата.
Тие му купиле нов „Опел Корса“, бидејќи тренерот имал таков автомобил додека тие настапувале за Загреб.



