Последниот натпревар од синоќешната програма го одиграа Вегас Голден Најтс и Каролина Хурикејнс. Двете екипи имаат идентична сезона дефилирајќи во средината на табелата од своите конференции. Изедначеноста во играта беше присутна и на теренот.
Најпрво, Вегас поведе со 2-0 преку Мет Пачорети и Џон Мерил, а Теуво Тераваинен намали на 2-1 до крајот на првата третина.
Во вториот дел падна само еден погодок кој беше дело на Шеј Тиодор. Канаѓанецот го посигна својот осми гол сезонава и го зголеми водството на Вегас на 3-1.
Третата третина беше исполнета со голови. Најпрво, Себастијан Ахо намали на 3-2, а само една минута подоцна, Чендлер Стивенсон постигна „шорт-хендед“ гол за враќање на предноста од два разлика. Следуваше серија од три погодоци на Каролина и превземање на водството по прв пат на овој натпревар благодарение на Ерик Хаула, Хејдн Флери и Мартин Нечас. Сепак, на крајот, Коди Екин со својот четврти гол сезонава успеа да израмни на 5-5 и да го однесе натпреварот во продолжение.
Во продолжението не паднаа голови, а после изведувањето на пенали, Каролина ја напушти невада со втората победа во низа. Од пеналите, успешно шутираа Андреи Свечников и Џастин Вилијамс.



