Едмонтон Оилерс, во „Роџерс Плејс“, ја пречекаа екипата на Нешвил Предаторс во рамките на синоќешната програма на НХЛ. Патувањето во Канада, за гостите тргна по посакуваниот план откако после 39 минути игра стекнаа водство од 0-2 благодарение на Крег Смит и Ник Бонино. Сепка, на девет секунди пред крајот на втората третина, Кајл Турис постигна автогол за намалување на предноста на 1-2. Голот беше впишан на контото на Алекс Кјасон. Третата третина потполно беше во знакот на Едмонтон кои дојдоа до целосен пресврт со двата гола на Леон Драисаитл. Германецот стигна до бројка од 31 гол и вкупно 85 поени во оваа сезона. Со оваа победа, Едмонтон ја прекина серијата од два порази и се искачи на петтата позиција во Западната конференција, додека Нешвил се наоѓа на десеттото место.