Во Сан Франциско беше одигран натпреварот помеѓу Голен Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс. Калифорниските екипи постигнаа вкупно 240 поени, а гостите од Лос Анџелес славеа со 120-125. Голден Стејт водеше само во првата четвртина, додека Лејкерс доминираа цело преостанато време од натпреварот. Разликата во еден момент се искачи и над дваесет поени, но на крај, истата беше намалена. Ентони Дејвис, од редовите на „Езерџиите“, беше најефикасен играч на натпреварот со 27 поени. 10 скокови и 4 асистенции. ЛеБрон Џејмс запиша 22 поени, 8 скокови и 11 асистенции. Од таборот на „Воините“, најефикасен беше Маркес Крис со 26 поени, 9 скокови и 1 асистенција.
Со оваа победа, Лејкерс се задржаа на врвот на Западната конференција, додека Голден Стејт е на самото дно со 12 победи од 53 натпревари.



