Екипите на Винипег Џетс и Вегас Голден Најтс се соочија синоќа во рамките на синоќешната НХЛ програма. Домаќините од Манитоба славеа со неочекувани 4-0. Стрелци на головите беа Николај Елерс, Патрик Лаине, Кајл Конор и Матје Перо. Патрик Лаине, освен голот, запиша и асистенција при првиот погодок и стигна до бројката од вкупно шеесет и еден освоен поен. Финецот стана седмиот активен НХЛ играч кој на возраст помала од дваесет и една година запишал најмалку три сезони со над шеесет поени. Освен Лаине, на оваа листа се наоѓаат и Сиднеј Кросби, Конор МекДејвид, Остон Метјуз, Митч Марнер, Патрик Кејн и Анже Копитар.
Винипег, со втората победа во низа, се искачи на осмото место во Западната конференција. Од друга страна, Вегас го запиша вториот пораз на последните три натпревари и останува четврти во истата конференција.