Дербито на денот во НБА лигата го одиграа првопласираната екипа на Западот и првопласираната екипа на Истокот односно ЛА Лејкерс и Милвоки Бакс. Претставниците на Лос Анџелес победија со резултат од 113-103. Најефикасен играч на натпреварот беше ЛеБрон Џејмс со триесет и седум поени и по осум скокови и асистенции. Од тимот на Милвоки, најдобар беше Јанис Антетокумбо кој забележа дабл-дабл учинок со триесет и два поени, единаесет скокови и шест асистенции.
За Милвоки, ова беше десетти пораз сезонава односно втор во последните три натпревари, додека Лејкерс ја запишаа третата врзана победа. После натпреварот и двете екипи остануваат на првото место во своите конференции.