Актуелните шампиони, Ст. Луис Блуз, конечно ја прекинаа својата губитничка серија од пет последователни порази со победата од 3-0 над Њу Џерси Девилс. Стрелци на головите беа Иван Барбашев (2) и Џејден Шварц. Несреќата за Девилс ќе беше уште поголема доколку голманот, Луј Доминг, не се истакнеше со своите неверојатни 36 одбрани од кои неколку дефинитивно ќе влезат во конкуренција за одбрана на неделата.
Ст. Луис го запиша првиот натпревар без примен гол уште од 21 ноември 2019 кога славеше над Калгари Флејмс со 5-0. За голманот Џордан Бинингтон ова е седми натпревар без примен гол во својата НХЛ кариера.
Благодарение на оваа победа, Ст. Луис си ја врати првата позиција во Западната конференција која беше во сопственост на Далас Старс во изминатите два дена. Од друга страна, Њу Џерси се наоѓа на четиринаесеттото место на Истокот со речиси никакви шанси за плејоф.