Македонската репрезентативка Јулија Живиќ со одличен свој настап во Кипар. После одиграниот натпревар во првенството за Неа Саламина и постигнатите два гола, овој пат во 1/8 финалето Неа Саламина си триумф од 4:0 против Чемпион Јипсона Лимасол и пласман во 1/4 финалето.

Живиќ се претстави во одлично светло па беше асистент при погодоците на првиот и третиот гол, а за заверка на победата и пласман во наредна фаза Живиќ сама го постигна голот за 4:0. Македонската репрезентативка на секој нов меч ги покажува своите вонсериски квалитети.




