Питсбург Пенгуинс со убедлива игра успеаја да дојдат до победата над Торонто Мејпл Лифс со резултат од 5-2. Питсбург поведе со 5-0 после триесетина минути игра со головите на Брајан Раст, Ентони Анџело, Џејсон Цукер, Сиднеј Кросби и Теди Блуегер. За Ентони Анџело ова беше петти настап во НХЛ и прв гол во профеионалната кариера. До крајот, Торонто успеа само да намали на 5-2 благодарение на Остон Метјус и Кајл Клифорд.
Третата победа во низа му помогна на Питсбург да се искачи на третата позиција во Источната конференција, додека Торонто е деветтопласиран тим кој сè уште е вклучен во борбата за плејоф.



