Првиот натпревар од овосезонскиот плејоф го одиграа Хјустон Тексанс и Бафало Билс во вајлд кард рундата.
Најпрво, уште во првиот напад на натпреварот, Билс постигнаа тачдаун со трик акција во којашто Браун му подаде Ален кој успешно се пикна во енд-зоната. Ова беше првиот тачдаун на Билс во плејоф после цели дваесет години, а му претходеше одлично трчање од 40-тина јарди на Ален. До крајот на полувремето доминираа гостите, а заминаа на пауза со предност од 0-13.
Второто полувреме почна со филд-голот на Билс и предност од 0-16. Во продолжение, на теренот беше присутен само еден тим – Хјустон Тексанс. Домаќините со фантастична игра успеаја да стекнат предност од 19-16, но сето тоа пропадна во последната минута кога после извонреден сплет на околности, Бафало израмнија на 19-19 и го однесоа натпреварот во продолжение. Ова беше прв натпревар од вајлд кард рундата што бил решен после продолжение уште од 2011 кога се соочија Денвер Бронкос и Питсбург Стилерс. Во продолжението славеше Хјустон преку филд-голот на Фејрбарн.
За противник во конференциското полуфинале, Тексанс ќе ги добијат или Балтимор Равенс или Канзас Сити Чифс, во зависност од победникот од другиот вајлд кард натпревар помеѓу Њу Ингланд Патриотс и Тенеси Титанс.



