Њу Ингланд Патриотс и Тенеси Титанс го одиграа вториот натпревар од вајлд кард рундата. Титанс направија изненадување со победата од 13-20 на „Жилет Стадиум” и се пласираа во конференциското полуфинале. Во наредниот натпревар ќе се соочат со најдобро пласираниот тим од регуларниот дел на сезоната во АФК конференцијата – Балтимор Равенс. Ова е прв пораз за Патриотс во вајлд кард рундата после 2009 кога загубија од Равенс.
Херој на натпреварот беше ранингбекот на Титанс, Дерик Хенри, кој имаше вкупно 205 јарди, од кои 182 освоени со пробивање, како и еден тачдаун.
Судбината на Патриотс ја запечати Рајан со пресечено додавање кое го врати за тачдаун на девет секунди до крајот.
После овој пораз се поставува прашањето: Дали Брејди ќе се пензионира ?
Одговорот може да биде и позитивен и негативен имајќи во предвид дека самиот Брејди не е спремен за пензија, а после оваа сезона останува слободен агент.
„Никој не знае што ни носи иднината. Ќе оставиме времето да одлучи.” – одговори Том Брејди на ова прашање.



