Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски игра во одлична форма за Лидс Јунајтед, но неговиот тим забележа нов пораз и се повеќе се оддалечува од горниот дел на табелата. Овој пат Лидс загуби на гостувањето против Милвол со 2:1, а единствениот гол за гостите го постигна токму Алиоски на стартот на вториот дел. За Алиоски ова е втор меч каде постигнува гол, а трет негов овосезонски гол за Лидс.



