Дерби Каунти за прв пат оваа сезона успеа да победи два последователни натпревари на домашен терен. Претходната недела славеше дома против Бирмингем со 3-2, а денес на „црната листа” се најде новиот второлигаш – Лутон. „Шеширџиите” сами си „пукаа во нога” во 11. минута кога Метју Пирсон го постигна најбизарниот автогол виден во последните неколку сезони. Конечниот резултат го постави Том Лоренс во 70 . минута. Со оваа победа, Дерби е на 13. позиција со вкупно 15 поени, а Лутон е пет места подоле со 11.
Not a great day for Luton’s goalkeeper…#DCFC #LTFC
pic.twitter.com/34rFSQIzR8— Second Tier Podcast (@TheSecondTier) October 5, 2019



