Трет натпревар, а втор пораз покрај една победа на Македонија во рамките на квалификациската група Г за Европското првенство 2021 година. На комплексот ,,Петар Милошевски” Македонија загуби убедливо од соседна Србија која во женскиот фудбал е на многу повисоко ниво од нашата репрезентација и не поразија со 0:6 со по три гола во двете полувремиња. Погодоците за Србија ги постигнаа Благојевиќ и Вуковиќ кои стрелаа по два пати, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Филиповиќ и Стефановиќ.



