Легендарниот Сергеј Мозјакин вчера испиша нова страница во историјата на Континенталната Хокеарска Лига (КХЛ). Русинот стана првиот играч што постигнал 400 голови во ова натпреварување. Историскиот гол го постигна на дуелот против Торпедо Нижњи Новгород кадешто неговиот тим, Металург Магнитогорск, славеше со 1-3. Мозјакин е дел од Металург Магнитогорск уште од сезоната 2011/12, а во 2013/14 со овој тим го освои Гагарин Куп – шампионскиот трофеј на КХЛ.