Екипата на Милвоки Бакс беше поразена на домашен терен од Денвер Нагетс. Крајниот резултат изнесуваше 115-127. Дабл-дабл учинок, а воедно и најефикасен на натпреварот беше Јанис Антетокумбо со 31 поен, 16 скокови и 9 асистенции. Од тимот на Денвер, најмногу поени постигна Вил Бартон – 24. Никола Јокиќ, исто како и Јанис, забележа дабл-дабл учинок со 15 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Милвоки и покрај поразот останува единствен тим во НБА со едноцифрен број на порази (7), а Денвер ја завзема втората позиција во Западната Конференција.
Хјустон Рокетс и Далас Маверикс го одиграа дербито на денот во Западната Конференција, а воедно и дербито на Тексас. Хјустон беше поуспешен со 128-121 предводен од неверојатните Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Харден уфрли 35 поени придружени со 16 скокови и 6 асистенции, додека неговиот клупски колега имаше 32 поени, 6 скокови и 9 асистенции. Во тимот на Далас отсутен беше Лука Дончиќ, а најефикасен учинок имаше Криштапс Порзингис – 35 поени и 12 скокови.



