Екипата на Милвоки Бакс покажа неверојатни перформанси совладувајќи го тимот на Вашингтон Визардс со неверојатни 151-131 имајќи во предвид дека недостасуваше главниот адут – Јанис Антетокумбо. Тимот од Висконсин замина на пауза со предност од 88-63 и постави нов рекорд на франшизата со највисок број на постигнати поени после првото полувреме. Сè до крајот ја чуваа стекнатата предност што им беше доволно за да ја запишат 41. победа оваа сезона.
Најефикасен играч на натпреварот беше Крис Мидлтон од редовите на Бакс со постигнати педесет и еден поен (најмногу во кариерата), десет скокови и шест асистенции. Мидлтон стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати над педесет поени, а притоа шутот за тројка да му биде минимум 70% успешен (7/10), а воедно и да има 100% успешност од линијата за слободни фрлања (12/12).
„ Дефинитивно му ја посветувам играта на Коби како благодарност за сè што има направено за овој спорт.” – изјави Крис Мидлтон по натпреварот.