Во 29. коло од англиската втора лига, Лидс настојуваше да ја прекине лошата низа од два последователни лигашки порази. Претставниците на Марсело Биелса требаше да го направат подвигот против незгодната екипа на Милвол предводена од тренерот Гери Роует. „Лавовите” од Лондон, иако со ослабен среден ред, поведоа со 0-2 над жестоките ривали преку Шон Хатчинсон во 4. односно Џед Волас преку пенал во 23. минута. Веднаш по стартот на второто полувреме, Патрик Бамфорд намали на 1-2. Во период од четири минути т.е. од 62. до 66. минута, Лидс направи тотален пресврт. Најпрво Пабло Хернандез израмни на 2-2, а Бамфорд со својот втор гол на натпреварот и дванаесетти сезонава му ја донесе конечната победа на Лидс од 3-2.
Имајќи во предвид дека ВБА загуби во Велс од Кардиф со 2-1, Лидс со оваа победа се искачи на врвот на Чемпионшип. Од друга страна, Милвол сè уште не го загуби приклучокот за позициите што водат во плејофот позицирајќи се на деветтото место со три поени заостаток во однос на шестопласираниот Бристол Сити.
Резултатите од другите натпревари што се одиграа во истиот термин:
Блекбурн 2-1 КПР
Брентфорд 0-1 Нотингем
Кардиф 2-1 ВБА
Хал 1-2 Хадерсфилд
Лутон 3-2 Дерби
Виган 2-1 Шефилд Венздеј
Рединг 0-1 Бристол Сити



