Екипата на Вашингтон Нешналс стигна до својата прва титула во МЛБ совладувајќи ги Хјустон Астрос во ,,мајсторката”. Хјустон беа шампиони пред две години и се наоѓаа на првото место во својата конференција после регуларниот дел од сезоната. До финалето стигнаа преку Тампа Беј Рејс и Њу Јорк Јенкис. Вашингтон, на својот пат до финалето, ги победи Лос Анџелес Доџерс и Сент Луис Кардиналс. Вашингтон важеше за аутсајдер во ова финале, но поведе со 2-0 после првите две победи. Хјустон направи серија од три победи во низа и успеа да поведе со 3-2. Сепак Вашингтон со две убедливи победи на гости дојде до вкупен резултат од 4-3 и освојување на насловот. Во „мајсторката”, Хјустон водеше со 2-0 заклучно со завршувањето на шестиот ининг, но во последните три ининзи, Вашингтон направи серија од 7-0 и победи со 7-2.
Последни тимови што ја освоиле титулата преку „мајсторка” се Хјустон Астрос во 2017, Чукаго Кабс во 2016 и Сан Франциско Џајантс во 2014.



