Во рамките на осмина-финалето од купот се соочија Работнички и Пелистер. Првиот дуел се одигра во Битола и заврши со резултат од 1-1. Реваншот беше одигран денес на стадионот ,,Борис Трајковски” во Маџари. Работнички поведе во 32. минута со голот од пенал на Себастијан Херера и на пауза замина со минимална предност. Во 61. минута го дуплираа водството преку Иван Марковиќ, а само две минути подоцна, Стефан Јевтоски постигна евро-гол и го однесе резултатот на 3-0. Конечните 4-0 беа поставени во 75. минута кога од пенал прецизно биеше Давид Тошевски.