Сиверт е дете на академијата на екипата од Берлин, каде и играше до 2017 година, кога ја прекинува својата играчка кариера за да се посвети целосно на печењето на тренерскиот занает. Во својата кариера како тренер, Сиверт има работено и со младинците на Фуксе Берлин, а по потпишувањето на договорот кажа дека конечно се исполнил неговиот сон од детството.
Сиверт доаѓа на тренерската позиција на местото на Велимир Петкович за сезоната 2020/2021, а договорот што го потпишал со „лисиците“ ќе биде со траење од две години.



