Петнаесеттата недела од оваа НФЛ сезона ја отворија Балтимор Равенс на домашен терен против Њу Јорк Џетс. Домаќините ја оправдаа фаворитската улога славејќи со 42-21, а главен протагонист во победата беше нивниот квотербек – Ламар Џексон. Младиот играч уфрли вкупно 212 јарди и пет тачдауни. Освен јардите освоени со додавање, имаше и 86 истрчани јарди. Тој број на истрчани јарди му беше доволен за да постави рекорд за најмногу истрчани јарди од еден квотербек во една сезона (1103 јарди заклучно со овој натпревар). Освен Џексон, кај Равенс одлично се покажа и Инграм кој постигна два тачдауни. За Џетс, два тачдауни постигна Краудер.
Со оваа победа, Равенс останаа на првото место во АФК со учинок од 12-2, а Џетс ги загубија шансите за плејоф откако го запишаа и деветтиот пораз во првите 14 натпревари.



