Релативно новиот менаџер на Сандерленд, Фил Паркинсон, не самошто не може да го врати тимот во врвот на Лиг 1, туку носи и навидум негативни одлуки за својот клуб. Имено, после еден инцидент на тренингот помеѓу тренерот и ѕвездата на клубот – Еиден МекГиди, Англичанецот донел шокантна одлука. Решил од тимот да го исфрли репрезентативецот на Ирска откако утврдил дека има негативно влијание врз остатокот од тимот.
МекГиди оваа сезона има постигнато четири голови за „црните мачки”, а заработува дури 30 000 фунти неделно што е најмногу во третата лига.
„Оваа одлука ја донесов со многу размислување. Им кажав на МекГиди и неговиот агент дека може да заминат уште во јануари … Беше тешко за одлучување, но верувам дека тоа ќе биде вистинската одлука за клубот.” – изјави Паркинсон.
После оваа случка, МекГиди најверојатно ќе го пропушти следниот дуел на Сандерленд во којшто ќе игра против Блекпул.



